/ Прочитано:

1.587

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ И НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ: Законите да започнат да се применуваат од 1 јануари 2017 година

Група пратеници од владејачкото мнозинство предложија измени на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување. Со измените се предлага двата закони да започнат да се применуваат од 1 јануари 2017 година.

foto

Со измените на Законот за нотаријатот се предвидува одложна примена на Законот за нотаријатот и наместо Законот да започне да се применува по четири месеци од денот на неговото влегување во сила, истиот да започне да се применува од 1 јануари 2017 година.

„Целта на измените е овозможување на доволно време Нотарската комора на Република Македонија и големите доверители кои обезбедуваат комунални услуги да го усогласат своето работење со новиот Закон за нотаријатот“, се посочува во законското образложение.

Со измените на Законот за нотаријатот, се додава во образложението, се очекува доверителите кои обезбедуваат комунални услуги и Нотарската комора на Република Македонија да се подготват организационо и технички, со цел непречено функционирање на нотаријатот со денот на примената на одредбите од Законот за нотаријатот.

 Предложени измени и на Законот за извршување

„Со измените и дополнувањата се предвидува одложна примена на Законот за извршување и наместо да започне да се применува по четири месеци од денот на неговото влегување во сила, истиот да започне да се применува од 1 јануари 2017 година“, се вели во законското образложение.

Со измените на Законот за извршување, се посочува во образложението, се очекува доверителите кои обезбедуваат комунални услуги и Комората на извршители да се подготват организационо и технички, со цел непречено функционирање на извршувањето со денот на примената на одредбите од Законот за извршување.

М.В