/ Прочитано:

1.527

Претседателот на Врховниот суд: „СЈО одбива да постапува по барање на Врховниот суд на Република Македонија“

Во денешното соопштение до јавноста, претседателот на Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 6.4.2017 година било доставено барање за информација до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

„Поради итниот карактер на доставеното барање, шефот на кабинетот на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија оствари неколку телефонски разговори со шефот на кабинетот на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од каде што сè уште нема одговор по поднесеното барање.
Врховниот суд на Република Македонија ја известува јавноста дека обвинителството очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија, со што влијае врз пролонгирање на итна постапка која се води пред Врховниот суд на Република Македонија“, се вели во соопштението на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

М.В