/ Прочитано:

1.171

Презентација на новиот проект за масовна проценка на недвижностите

Агенцијата за катастар на недвижности воведе нов проект за масовна проценка на недвижностите, кој ќе биде презентиран денес.

akademik foto

На презентацијата на новиот проект ќе се обрати директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, кој освен за новиот проект ќе говори и за извештајот од регистарот на цени и закупнини.

Системот за масовна проценка на недвижностите е систем кој ќе им овозможи на општините едноставен и изедначен начин на наплата на данокот на имот и кој ќе овозможи точни податоци за пазарната вредност на недвижноста на комерцијалните банки, проценителите и сите државни органи во секое време.

Регистарот на цени и закупнини претставува дел од системот за масовна проценка на недвижностите, односно почетен влез на податоци кои ќе ги користи системот за масовна проценка.