/ Прочитано:

650

Пријавете се за тркалезна маса на тема: „Кривични дела поврзани со хартии од вредност“

Четврток, 10 април 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Комисијата за хартии од вредност организира Тркалезна маса на тема: „Кривични дела поврзани со хартии од вредност“, и истата е наменета за судии од кривичните оддели, јавни обвинители, адвокати, претставници од Комисијата за хартии од вредност и претставници од Министерството за внатрешни работи.

Тркалезната маса ќе се оддржи на 24 април 2014 година (четврток) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, во Скопје.

„Сите адвокати кои се заинтересирани да земат активно учество на оваа обука, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. oglasi@mba.org.mk  најдоцна до 11 април 2014 година“, известуваат од АКРМ.