/ Прочитано:

1.189

Приведен поранешниот охридски градоначалник и десетина негови соработници

Петок, 21 ноември 2014 – Поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески и уште 10-тина лица биле приведени изутринава во акција на полицијата поради сомнение за криминал поврзан со јавни набавки во општината.

Како што потврдуваат од МВР, постои основано сомнение дека приведените како организирана група се стекнале со противправна имотна корист од над два милиони евра.

Дел од осомничените се привeдени во Скопје, а дел во Охрид.

МВР најавува дека со повеќе детали за акцијата да излезе во текот на денов.