/ Прочитано:

2.133

Прочистување на Избирачкиот список – метод во кој сите ќе учествуваат и на кој сите ќе му веруваат – ДОЦ. Д-Р ДРАГИ РАШКОВСКИ

Правото на гласање е директно поврзано со поседување на валиден биометриски документ за идентификација – лична карта или пасош издадени од Министерството за внатрешни работи, а при чие издавање се земаат отисоци од прсти. Како еден од 24 годишните проблем при гласањето се вбројува обвинувањето дека починати лица се наоѓаат на избирачкиот список.

ДОСЕГАШНИ ПРОБЛЕМИ

Правото на гласање е директно поврзано со поседување на валиден биометриски документ за идентификација – лична карта или пасош издадени од Министерството за внатрешни работи а при чие издавање се земаат отисоци од прсти. Како еден од 24 годишните проблем при гласањето се вбројува обвинувањето дека починати лица се наоѓаат на избирачкиот список. Затоа предлагам прочистување на избирачкиот список преку препознавање на биометриските карактеристики на граѓаните – отпечаток од прст, преку која регистрација граѓаните ќе добијат активна легитимација за гласање а со тоа и да се најдат на избирачкиот список. Морбидно, но вистинито – починати лица не можат да остават отпечаток од прст.

ТЕХНИЧКА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ

Бидејки Министерството за внатрешни работи е тоа кое располага со биометриските податоци за сите граѓани кои поседуваат биометриски документи за идентификација, а исто така и располага со мрежна инфраструктура за комуникација помеѓу сите одделенија и сектори на Министерството, најекономично е да нивните простории и нивната инфраструктура се искористат за гореспоменатиот процес. Во секое Одделение на Министерството за внатрешни работи ќе биде поставен пулт (еден или повеќе) кој ќе биде поврзан на електронскиот систем на Министерството. На самиот пулт ќе биде вграден монитор на допир кој е отпорен на надворешни удари (vandal proof) и уред за биометриска идентификација – читач на отисок од прст. Граѓанинот кој ќе сака да го оствари своето право на глас на денот на изборите ќе треба во зададен рок (од 30 или повеќе денови) да дојде во просториите на Одделението на Министерството и преку идентификација на неговит отпечаток од прст да го најави своето регистрирање. Откако системот ќе го препознае неговиот отпечаток, на екранот ќе се појават неговите генералии и тоа: Име и презиме, адреса на живеење, матичен број валидни документи кои ги поседува (лична карта, пасош или и двата) и избирачко место на кое тој има право да гласа според досегашниот избирачки список. Откако ќе се помине целокупната процедура може да се размислува дали системот да му дава пишана потврда за тоа дека ја извршил својата регистрација или не? Системот ќе издава ливче со корисничко име и лозинка кои ќе му служат како најава на на системот, кое подолу ќе биде објаснето. По завршуањето на предвидениот период за регистрација системот во рок од неколку минути ќе генерира електронски избирачки список кој понатаму ќе оди во втората фаза.

ГРАЃАНСКА КОНТРОЛА НА ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

Така генерираниот избирачки список ќе биде поставен на интернет при што за секоја посебна станбена единица (стан или куќа) ќе постои податок колку гласачи се регистрирани во таа станбена единица и нивните иницијали. Целта на ваквата контрола е да ваквиот список биде подложен на граѓанска контрола при што секој граѓанин ќе може да провери пред се дали во неговото домаќинство се регистрирани лицата кои навистина таму живеат, но и да направи контрола на своите соседи, пријатели или познаници за кои знае точна адреса на живеење. Од тие причини системот ќе дозволува пребарување по адреса. Доколку некој граѓанин утврди неправилност во своето домаќинство, или кај некој друг, има можност преку најава во системот со корисничкото име и лозинка да пријави неправилност како кај себе така и на друга адреса. Со тоа се воспоставува граѓанска контрола преку која секој граѓанин ќе може да учествува во прочистување на избирачкиот список. Откако некој ќе упати приговор, тој станува видлив за сите граѓани, со што уште еднаш се зајакнува граѓанската контрола. На овој начин пред се ќе се надмине проблемот со 50 и повеќе гласачи на една адреса, односно во еден стан. Исто така заради поголема транспарентност ќе постои и можност за анонимно пријавување на неправилности, но заради непријатните пораки кои можат преку ова да се пратат тие нема да бидат видливи за сите граѓани.

ИНСТИТУЦИОНАЛНА КОНТРОЛА

Државната изборна комисија ќе биде таа која ќе има ингеренции заедно со Министерството за внатрешни работи да решава по приговорите и истата ќе има увид во анонимните приговори. Таа ќе биде должна јавно и транспарентно преку електронскиот систем да одговори на секој поставен приговор, а доколку анонимниот приговор се воспостави дека е оправдан истот е должна да го направи, со помош на софтверска алатка, видлов за сите граѓани.

ПРИДОБИВКИ ОД ВАКВИОТ СИСТЕМ

Се врши активна легитимација на граѓаните, со што само оние кои ќе се регистрираат имаат право да гласаат. Со ова се избегнуваат сомнежите за т.н. „фантомски гласачи“, бидејки гласач кој не постои и нема издадено валиден биометриски документ не може активно да се легитимира, дури ни на досегашните гласања. Преку ваквиот систем, пред се граѓаните, но и институциите, тука мислејки пред се на Државната изборна комисија ќе можат да имаат целосен увид во избирачкиот список во секоја фаза од неговото креирање. Преку креирање на корисничко име и лозинка системот нуди огромни можности за понатамошна надградба во насока на развивање на непосредните форми на демократија.

ИДНИ МОЖНОСТИ НА ВАКВИОТ ПРЕДЛОГ

Доколку се примени ваквиот начин на регистрација, пултовите можат да се надоградат и истите да бидат користени и како електронски кабини за гласање. Имено, може да се примени и полуелектронско гласање и целосно електронско гласање.

Предлог 1 – ПОЛУЕЛЕКТРОНСКО ГЛАСАЊЕ

Гласачката кабина да поседува можност преку која, откако на денот на гласањето, регистрираниот гласач ќе се најави на системот, самата кабина да му извади гласачко ливче на кое ќе е отпечатена неговата изборна единица. Бидејки за парламентарните избори Република Македонија е поделена на 6 изборни единици, бројот на избирачкото место не игра никаква улога. Откако системот ќе извади гласачко ливче тоа излегува надвор од кабината, гласачот го заокружува својот избор и со притискање на тастер истото го враќа внатре во кабината во безбедносна кутија. На крај на изборниот процес се отвара сигурносната кутија и се вадат ливчињата и се бројат.

Предлог 2 – ЕЛЕКТРОНСКО ГЛАСАЊЕ СО ПИСМЕНА ПОТВРДА

Откако гласачот ќе се најави на системот преку својот отисок од прст, истиот му дава можност по електронски пат преку екранот на допир да гласа. По гласањето системот му печати писмена потврда но истата гласачот не може да ја земе туку тој само може да ја види позади непробојно стакло. Откако ќе ја потврди содржината на испечатеното гласачко ливче, истото оди во заштитена кутија внатре во гласачката кабина и останува затворено се до завршувањето на гласачкиот процес. По завршување на гласачкиот процес, системот за неколку секунди дава резултати од електронското гласање, а изборната комисија може да ги преброи печатените ливчиња како потврда на електронските гласови.

ВИЗИЈА

Ваквиот проект е остварлив и заради тестирање може да се примени на наредните избори на некои избирачки места. Во периодот помеѓу два изборни циклуси истиот може да се користи за разни форми на граѓанско изразување, но и за комерцијална употреба.

Правно-технолошките откритија на Драги Рашковски — Од наградената електронска гласачка кабина до попис на населението

М.В / veljanoskim@akademik.mk