/ Прочитано:

735

Продолжува судењето Груевски против Заев — ќе се изведуваат докази

Понеделник, 1 септември 2014 – Со изведување на докази, денеска во Основниот суд Скопје 2 ќе продолжи судењето  по тужбата за клевета и навреда која премиерот Никола Груевски ја поднесе против лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Македонска Банка“.

На првото, подготвително рочиште, кое се одржа на 3 јули,  Судот не прифати како доказ да се изведе аудио-снимката што Заев ја пласираше во јавноста, а го отфрли и предлогот на одбраната за сослушување на Ден Дончев, кој според адвокатите е еден од соговорниците на снимката. Како сведок на одбраната, единствено беше прифатено да се сослуша контровезниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини кој ја купи „Македонска Банка“. 

Груевски го тужи Заев клевета и навреда бидејќи, како што тврди тој, не учествувал и не зел поткуп од 1,5 милиони евра при продажбата „Македонска банка“. Премиерот Груевски бара отштета во висина од половина милион евра .

Минатиот пат во судница не се појавија ниту Груевски, ниту Заев. Со оглед на тоа што премиерот вчера  ја повреди ногата при џогирање, претпоставка е дека тој нема да присуствува и на денешното рочиште.

>> СУДЕЊЕ ГРУЕВСКИ – ЗАЕВ: Судот не ја прифати како доказ аудио-снимката за „Македонска банка“