/ Прочитано:

1.444

Проект за борба против организираниот криминал на Западен Балкан

Петок, 3 октомври 2014 – Мисијата на ОБСЕ во Србија покрена проект за јакнење на капацитетот на полициите на Србија, Македонија и Црна Гора во борбата против организираниот криминал, што денеска официјално ќе почне на Златибор, јави Танјуг.

Осумнаесет криминалистички аналитичари од министерствата за внатрешни работи на Србија, Македонија и Црна Гора, ќе го унапредат знаењето во врска со анализата на трендовите во борбата против криминалот во рамки на проектот на ОБСЕ, се наведува во соопштението.

Проектот „Јакнење на капацитетите за стратешка анализа и стратешка проценка во Управите на криминалистичката полиција на МВР на Србија, Македонија и Црна Гора“, има за цел натаму да го развива капацитетот на полицијата и да ги процени заканите од областа на сериозниот и организиран криминал, во согласност со стандардите на Европол.

Проектот го финансира швајцарската Агенција за развој и соработка во рамки на Швајцарската регионална програма за соработка на полициите на Западен Балкан.