/Прочитано:

552

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2017  

Погледнете ја најновата листа на прописи чиишто одредби стапуваат во примена во месец септември 2017 година, заедно со целосниот табеларен преглед на одредбите од прописите кои стапуваат во примена или престануваат да важат.

На 1 септември стапуваат во примена одредби од Законот за пожарникарството и Законот за спортот. На  15 септември стапуваат во примена одредби од Законот за високото образование, Законот за студентскиот стандард и Законот за ревизија.

Од подзаконските прописи, на 1 септември стапуваат во примена Календарот за организација на учебната 2017/2018 година во јавните средни училишта, Календарот за организација на учебната 2017/2018 година во основните училишта и Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република Македонија, министерствата и другите органи на државната управа, а на 14 септември престанува да важи Уредбата за униформата и ознаките на униформата на Полицијата.

Целосен табеларен преглед на одредбите кои стапуваат во примена или престануваат да важат во месец септември 2017 година