/ Прочитано:

1.019

Протести пред Собранието за Предлог-законот за абортус

Четврток, 6 јуни 2013 – За денеска во 11.30 часот се најавени протести пред Собранието на дел од невладините организации кои сметаат дека Предлог-законот за прекин на бременоста ги ограничува правата на жената.

Невладините организации бараат Собранието да не дискутира за овој Закон, а министерoт за здравство, Никола Тодоров, како предлагач, да го повлече Предлог – законот за абортус. 

Во нивното соопштение се наведува дека овој Закон ниту е истиот како оној од 1972 година, ниту ќе го подобри здравјето на жената, како што тврди ресорниот министер.

„Во Македонија не ни се потребни закони кои што ги ограничуваат правата. Овој закон ниту е истиот како оној од ’72, ниту ќе го подобри здравјето на жената. Токму напротив овој закон само ќе ги ограничи жените во слободно донесување на својата одлука за прекинување на бременоста. Овој закон не е подготвен во транспарентна процедура, а најмалку се прашани они на кои се однесува – жените“, стои во соопштението на организаторите на денешниот протест. 

Вчера во Собранието се водеше жестока дебата токму за овој Предлог-закон. Според ресорниот министер ова решение е меѓу најлибералните во Европа, за невладините, пак, на овој начин нема да се подобри здравјето на жените.