/ Прочитано:

762

„ПУЧ“: Извесно дека и денешното рочиште ќе се одложи

Петок, 13 ноември 2015 – Денеска во Основниот суд Скопје 1 по петти пат е закажан стартот на судењето за случајот „Пуч“, каде четвртообвинет е лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Судењето постојано се одложува поради отсуството на Заев. Многу е веројатно дека и денешното рочиште ќе се одложи, особено што соработа почна и Специјалното обвинителство, па се очекува овој случај да го преземе некој од обвинителите на специјалната обвинителка Катица Јанева.

На минатото рочиште, бранителите наведоа дека не знаат дали Заев уредно примил покана. Тие образложија дека тој не е присутен на рочиштето бидејќи имал претходно договорена средба со Меѓународниот инвестициски фонд за развој за што приложија и доказ во форма на и – мејл кореспонденција. 

Покрај лидерот на опозицијата,   во „Пуч“ обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, како и еден вработен во општина Струмица и еден во МВР. Сите се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи. Во предметот веќе има и една спогодбена пресуда против вработениот во МВР, Звонко Костовски.