/ Прочитано:

1.482

„ПУЧ“ ОДЛОЖЕН ПО ПЕТТИ ПАТ: Башевска нареди стражарно приведување на Заев за наредното рочиште

Петок, 13 ноеври 2015 – Стражарно приведување нареди судијката, ако лидерот на опозицијата и четвртообвинет во „Пуч“ Заев,  не се појави на следното рочиште закажано за 2 декември. 

Судењето и за случајот „Пуч“  и денеска, по петти пат, се одложи поради отсуството на лидерот на СДСМ и четвртообвинет Зоран Заев. Судијката Љубинка Башевска нареди стражарно приведување ако тој не се појави и на следното рочиште. На денешното рочиште, според одбраната, Заев не дошол бидејќи имал меѓународни активности и денеска патувал до Цирих, преку Барселона до Палма де Мајорка. Според адвокатите, таму тој имал службени активности, состаноци и средби.

„Досега многу толерирав. Очигледно господинот Заев толку инсистира, што мора на наредното рочиште јас да наредам стражарно приведување. Очигледно почнува да си игра мајтап“, рече судијката Башевска.

Според бранителот Филип Медарски, до наредното рочиште се очекува надлежностите за овој случај се очекува да се пренесат  на Специјалното обвинителство. Тој во судница се повика на новиот Закон за специјалното обвинителство, но судијката не сакаше да дискутира.

Верушевски револтиран оти во затвор му одзеле фотографии

Првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, пак, на судскиот совет му се пожали дека  затворот му ги одзеле фотографиите од неговите внучиња, кои му ги пратиле во пакетот со храна. Судијката на ова одговори дека многу е непримерно во храната да се ставаат фотографии. Верушевски се сомнева дека сликите му биле одземени, бидејќи на нив бил и Заев.

Покрај Заев и Верушевски  во „Пуч“ обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, како и еден вработен во општина Струмица и еден во МВР. Сите се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Во предметот веќе има и една спогодбена пресуда против вработениот во МВР, Звонко Костовски.

Судењето постојано се одложува поради отсуството на Заев. Во меѓувреме, од понеделникот, со работа почна и Специјалното обвинителство, па се очекува овој случај да го преземе некој од обвинителите на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Е. П.