/ Прочитано:

1.001

Работна средба: Претседателката на Врховен суд и Претседателот на ЗНМ анализираа судски процеси

Вторник, 29 јули 2014 – По иницијатива на Здружението на новинари на Македонија во Врховниот суд на Република Македонија се одржа работна средба на кој се разгледаа повеќе клучни прашања од областа на медиумите и судството, известуваат од Врховниот суд.

На средбата присуствувале Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова и судијата д-р Џемали Саити, а од страна на Здружението на новинарите на Македонија, Претседателот Насер Селмани и извршниот директор Драган Секуловски.

Од Врховниот суд велат дека основната цел на средбата била споделување на тековни искуства, но и на прашања кои се поврзани со судските процеси и состојбите во судството во однос на предметите за клевата и навреда.

Од таму нагласуваат дека на средбата се разговарало за заедничка соработка, анализа на состојбата за судските процеси по предмети за клевета и навреда, за одобренија за следење на судски процеси во граѓански и кривични предмети, како и за идни проекти во кои преку обуки би биле вклучени судството и медиумите“.

„Врз основа на целокупниот разговор произлезе да во официјален допис насловен до Врховниот суд на Република Македонија, Здружението на новинари на Македонија повторно ги образложи клучните точки од работната средба. На крајот на средбата беше искажано заедничко задоволство и понатамошна успешна соработка“, велат од Врховниот суд на Република Македонија.