Рајнхард Прибе во Уставниот суд
Судиите на Уставниот суд на Република Македонија остварија средба со Групата високи експерти за системски прашања за владеење на правото предводена од Рајнхард Прибе.
„На средбата се разговараше за актуелната состојба во уставното судство и предлог-мерките за унапредување на работата на Уставниот суд на Република Македонија, како заштитник на највисокиот правен акт во државата, Уставот на Република Македонија и гарант на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи. На крајот на средбата, беше искажана заемна благодарност од одржаната средба“, истакнуваат од Уставниот суд.
M.В