/ Прочитано:

1.062

Распишан повик за финансиска поддршка на средношколци од социјален ризик

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денес на прес-конференција ја информираше јавноста дека е распишан јавен повик за учениците средношколци од семејства од социјален ризик кои се приматели на социјална помош и кои редовно посетуваат настава дека ќе можат да аплицираат за добивање условен паричен надоместок во висина од 12 000 денари.

Илустрација, компјутер, пребарување

Заинтересираните потребно е да аплицираат во центрите за социјални работи до 30 септември, а се предвидува ова парично право да се реализира квартално, со исплата на финансиската поддршка на мајките на овие деца, а оние што присуствуваат на повеќе од 85 % од часовите ќе добијат дополнителна финансиска поддршка.

Со оваа мерка се очекува годинава да бидат опфатени 6 000 семејства, за што се издвоени 72 милиони денари.