/ Прочитано:

939

Регионална конференција за справувањето со трговијата со луѓе по Западнобалканската миграциска рута

Започна регионалната конференција „Промовирање синергии и заеднички пристап во справувањето со трговијата со луѓе по Западнобалканската миграциска рута“

akademik foto 1

Целта на конференцијата, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје со поддршка на Канцеларијата на Специјалниот претставник и координатор за борба против трговија со луѓе на ОБСЕ и Националната комисија за борба против трговија со луѓе, е да поттикне поконструктивен дијалог меѓу националните власти, граѓанското општество и мисиите на ОБСЕ на теми поврзани со трговијата со луѓе во земјите зафатени од миграциската криза.

На конференцијата беше нагласено дека координацијата на мерките и соработката на националните координатори се од големо значење за справувањето со трговијата со луѓе како глобален феномен.

„Трговијата со луѓе е појава со прекугранични и меѓународни финеси. На преминот на векот оваа појава стана позната како големо зло кое се распространи секаде низ светот“, истакна Нина Соумалаинен, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, нагласувајќи дека приливот на мигранти сè уште трае и е чест проблем.

Според Мадина Јарбусинова, специјален претставник и координатор на ОБСЕ за борба против трговија со луѓе, бројот на бегалци е огромен и проблемите се големи. За жал, додаде таа, мал е бројот на трговци со луѓе кои се фатени и кои се судски гонети.

„ Во тек е огромен бегалски бран. Сè додека не се спротивставиме на тој проблем, нема да можеме да најдеме решение“, истакна Јарбусинова.