/ Прочитано:

4.598

САД го слават 4 јули – Денот на независноста

На 4 јули 1776 година тринаесетте колонии на Америка, кои тогаш биле во војна со Британија, се декларирале себеси како држави на новата нација. Декларацијата за независност била изготвена од Томас Џеферсон, кој од 1797- до 1801 бил вториот потпретседател на САД, а од 1801 до 1809 станал третиот претседател на САД.

Денот на независноста,  кој се слави на 4 јули во САД, го означува раѓањето на државата, односно денот кога САД ја обезбедија независноста од Британската империја.

На 4 јули 1776 година тринаесетте колонии на Америка, кои тогаш биле во војна со Британија, се декларирале себеси како држави на новата нација. Декларацијата за независност била изготвена од Томас Џеферсон, кој од 1797- до 1801 бил вториот потпретседател на САД, а од 1801 до 1809 станал третиот претседател на САД.

Колонизирањето на тринаесетте колонии (Њу Хемпшир, Масачусетс, Роуд Ајленд, Конектикат, Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Делавер, Мериленд, Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Џорџија) започнало во 16 век, и тоа првин под власта на Англија од 1607 до 1707, а потоа под власт на Велика Британија од 1707 до 1776 година.

На 10 мај 1775 година, на вториот Континентален конгрес во Филаделфија се состанале  делегати од сите колонии , чија цел била да се искоординираат  заради осамостојување на британските колонии, што започнало на 18 април истата година.

Војната официјално завршила во 1783 година со договорот од Париз, со што бил признаен суверенитетот на САД како територија која се граничи со Канада на север, Флорида на југ и реката Мисисипи на запад.

Првата прослава на Денот на независноста се одржала на 4 јули 1777 година во државата Роуд Ајленд со испукување на 13 истрели во чест на 13 поранешни колонии. Оттогаш 4 јули станува голем национален празник, кој и ден-денес се одбележува со паради, забави, семејни веселби, пикници и огномет. Празникот е неработен ден за администрацијата, со тоа што до 1938 година не бил дел од платениот одмор.

С. М.