/ Прочитано:

1.315

СДСМ достави иницијатива за продолжување на конститутивната седница од 30 декември

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска поднесе иницијатива во Собранието на Република Македонија за, како што велат, свикување, односно продолжување на конститутивната седница.

Од СДСМ велат дека и покрај тоа што Деловникот на Собранието не го бара тоа, тие ги доставиле и 67-те пратенички потписи.

Очекуваат Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, нагласувајќи дека оваа клучна институција како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија треба да почне да функционира, односно мора да работи и да функционира во интерес на државата.