/ Прочитано:

1.262

Се предлагаат измени на тарифата за премии за осигурување кај транспортните фирми и такси-превозот

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата за предлог-измени и дополнувања на тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица, за правните лица во областа на камионскиот транспорт и такси-превозот.

„Со оваа одлука се врши прецизирање на начинот на пресметка на бонус или малус (доплаток на премијата на осигурување) за осигурениците и се изврши намалување на доплатокот за малус од 200% на 100%“, информираат од Владата.

М.В