/ Прочитано:

3.600

Се зголемуваат трошоците за регистрација на возила

Сабота, 12 јули 2014 – Со одлука на Владата е направена и промена во висината на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила.

Според новата одлука, моторните возила со зафатнина на моторот од 900 до 1.350 кубни сантиметри ќе плаќаат 1.520 денари, наместо 1.060 денари како претходно. Тие до 1.800 кубици ќе плаќаат 2.180 денари наместо досегашните 1.530, а тие со зафатнина на мотор до 2.500 кубни сантиметри ќе ги чини 2.910 денари, наместо досегашните 2.040 денари.

Возачите при регистрацијата на моторните возила задолжително мора да достават и докази за подмирени давачки, во кои спаѓа и надоместокот за користење на јавните патишта.

Согласно Законот за јавни патишта, висината и начинот на плаќање на надоместок за употреба на јавните патишта за моторни и приклучни возила (патна такса), ја пропишува Владата на Република Македонија, во зависност од категоријата на возилото, носивоста и/или зафатнината и јачината на моторот.

Имателите на моторни возила што подлежат на регистрација надоместокот за употреба на јавните патишта го плаќаат при регистрација на возилата.

Од Агенцијата за патишта велат дека со одлука на Владата се вратени старите цени, кои важеа до 2008 година, а кои беа намалени како дел од антикризните мерки.

 Финасиските средства прибрани на овој начин треба да се користат за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на јавните патишта и за работење на Јавното претпријатие надлежно за овие дејности.