/ Прочитано:

585

Седници на четири собраниски комисии

Вторник, 9 септември 2014 – Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, Законодавно-правната комисија, за труд и социјална политика и за економски прашања.

Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното образование и на Законот за средното образование, двата по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седниците на Комисија за образование, наука и спорт и на Законодавно-правната комисија. 

Членовите на Комисија за труд и социјална политика ќе расправаат по Предлог-закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, во второ читање.

На агендата на седницата на Комисија за економски прашања   се предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за возила, на Законот за јавните претпријатија и на Законот за трговските друштва, сите во второ читање.