/ Прочитано:

543

Седници на три собраниски комисии

Понеделник, 7 јули 2014 – Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и за труд и социјална политика.

На дневниот ред на седницата на Комисијата за европски прашања е презентацијата на Програмата и приоритетите за работа на Италијанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули – декември 2014 година. Програмата пред члeновите на Комисијата ќе ја претстави амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино-Белели.

Единствена точка на денвиот ред на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во прво читање.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, пак, ќе го разгледа извештајот на Државната изборна комисија за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, согласно член 153 од Изборниот законик.