/ Прочитано:

684

СЕМИНАР: „Улогата на затворскиот инспекторат и јакнење на координацијата помеѓу внатрешните и надворешните тела за инспекција на казнено – поправните установи“

Четврток, 9 окотмври 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на проектот – заедничка програма на ЕУ и Советот на Европа за „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на Законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“, организира 3 семинари на тема „Улогата на затворскиот инспекторат и јакнење на координацијата помеѓу внатрешните и надворешните тела за инспекција на казнено – поправните установи“.

 Семинарите ќе се одржат по следниот распоред:  –       15 Октомври во Скопје –       16 Октомври во Битола –       17 Октомври во Штип

„Сите адвокати кои се заинтересирани да земат активно учество на овие семинари, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 13 октомври 2014“, информираат од АКРМ.