Информации

Државна изборна комисија
Ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје
Тел: (02) 3244744
Факс:
+389(02) 3244745
email:
izbori@sec.mk
web:
www.sec.mk/

Државна изборна комисија

Државната изборна комисија се грижи за законитоста во подготовката и спроведување на изборите во согласност со овој законик и врши надзор над работата на изборните органи.

 Државната изборна комисија:

  • бара податоци од надлежните органи за вработените во државната, општинската и администрацијата на градот Скопје, како и за јавната администрација и го именува составот на општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје;
  • дава упатства, појаснувања и препораки за примената на одредбите на овој законик и други закони кои се однесуваат на прашањата поврзани со изборите;
  •  го разрешува секој член на изборен орган во случај на против законско работење;
  •  ја контролира законитоста во работата на изборните органи и презема мерки кога е констатирана повреда на законитоста во подготовките, постапката на кандидирањето,  спроведувањето и утврдувањето на резултатите на изборите, како и во спроведување на упатствата и препораките дадени од неа;
  • ги потврдува и објавува листите на кандидати за избор на претседател и за избор на пратеници и со ждрепка го утврдува нивниот редослед;
  •  донесува програма и востановува стандарди за задолжителна едукација на сите изборни органи и ја координира истата;
  •  врши задолжителна едукација на членовите на општинските изборни комисии односноИзборната комисија на градот Скопје пред секои избори и им издава уверенија на начин и во рокови пропишани со програмата;
  •  го пропишува образецот на уверенијата за посетување на обуката на членовите на изборните органи;
  •  определува единствени стандарди за изборниот материјал, се грижи за негово обезбедување и го пропишува видот на средството со кој се обележуваат и проверуваат лицата кои гласале (УВ ламби, спреј и графитно перниче);
  •  пропишува обрасци за спроведување на изборите и обрасци за собирање на потписи од избирачи и пратеници за предлагање на кандидати и ги објавува во “Службен весник на Република Македонија”;
  •  го определува начинот на ракување и чување на изборниот материјал;
  •  ги утврдува квалитетот, формата, големината, бојата и сериските броеви на гласачките ливчиња;
  •  го организира печатењето на гласачките ливчиња и листите на кандидати;
  •  го предава, прима и чува изборниот материјал од и на општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје;
  • го чува изборниот материјал од изборите за претседател на Републиката, за пратеници во Собранието на Република Македонија и референдум на државно ниво;
  •  ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право;
  •  донесува кодекс за правилата за набљудување на изборите на домашни и странски набљудувачи во согласност со меѓународните стандарди и им обезбедува исправи за идентификација;
  •  врши контрола на гласачките места на денот на спроведувањето на изборите каде што се пријавени неправилности при гласањето;
  • ги потврдува со решение усвоените листи на кандидати или ги отфрла доколку не се составени согласно со одредбите на овој законик;
  •  донесува правилник со кој се утврдуваат критериумите за начинот и постапката за изборот и разрешување на претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во изборните органи;
  •  ги сумира и утврдува резултатите од гласањето за листите на кандидати на ниво на изборна единица;
  • ги објавува првичните резултати од спроведените избори за претседател на Републиката, за пратеници, за советници и за градоначалник врз основа на податоците од записниците од изборните органи;
  •  ги објавува конечните резултати од спроведените избори;
  •  издава уверенија на кандидатот избран за претседател на Републиката и кандидатите избрани за пратеници;
  • донесува правилник и упатство за надоместок на членовите на изборните органи и изборната администрација, врз основа на бројот на избирачи, видот, сложеноста како и обемот на работите и времетраењето за нивното извршување;
  •  до Собранието поднесува извештај за спроведените избори и финансиски преглед и го објавува на својата интернет страница;
  •  врши распределба на надоместокот на трошоците на избраните кандидати по доставениот финансиски извештај и го објавува на својата интернет страница;
  •  го донесува актот за организација и систематизација на стручната служба на Државната изборна комисија и формира помошни тела;
  • ги објавува во дневниот печат описите на избирачките места;
  •  врши евиденција на избирачкото право и се грижи за заштитата на личнитеподатоци на граѓаните содржани во Избирачкиот список;
  •  врши проверка на интегритетот на базата на податоци на Избирачкиот список;
  • го потпишува Избирачкиот список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите;
  • остварува контакти со меѓународните асоцијации и организации кои имаат овластување да ги набљудуваат изборите, односно референдум на државно ниво, за прашања во врска со Избирачкиот список;
  • доставува податоци на јавните гласила за бројот на избирачите запишани вопотпишаниот Избирачки список, односно изводите;
  • донесува Деловник со кој го уредува начинот на работата и одлучувањето на членовите на Државната изборна комисија;
  •  одлучува по приговори врз основа на увид во изборниот материјал и други докази ако има најмалку два приговори за соодветното избирачко место;
  •  во соработка со Министерството за внатрешни работи донесува правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите;
  •  донесува упатство за решавање пo приговори и жалби;
  •  го следи започнувањето и завршувањето на изборната кампања и презема мерки
  • предвидени со овој законик;
  •  го пропишува образецот за пријава за гласање во ДКП;
  •  ги формира избирачките одбори за гласање во ДКП;
  •  го предава и го прима изборниот материјал на и од избирачките одбори за гласање
  • во ДКП, преку Министерството за надворешни работи;
  •  ги сумира и утврдува резултатите од гласањето за листата на кандидат за избор на тројца пратеници, по еден од изборната единица за територијата во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија;
  •  пополнува и доставува статистички податоци за потребите на Државниот завод за
  • статистика на Република Македонија;
  •  јавно ги објавува ценовниците на радиодифузерите и печатените медиуми на својата интернет страница иврши и други работи утврдени со овој законик.
  • Државната изборна комисија покренува иницијатива за дисциплинска постапка, поведува прекршочна постапка, или поднесува кривична пријава до надлежниот орган,  при постоење на основи на сомнение дека е сторена повреда на одредбите на овој законик.