Информации

Народна банка на Република Македонија
бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. +389 (2) 3108 108
Факс. +389 (2) 3108 357

Народна банка на РМ (НБРМ)

Согласно со Законот за Народната банка на Република Македонија, Народната банка ги врши следниве функции:

  • ја утврдува  и ја спроведува монетарната политика;
  • ја регулира ликвидноста во плаќањата спрема странство;
  • ја утврдува и ја спроведува политиката на девизниот курс на денарот;
  • управува и ракува  со девизните  резерви;
  • го уредува платниот систем;
  • издава дозвола за основање и работење на банка и штедилница и врши супервизија на банките и штедилниците;
  • издава дозвола за вршење услуги брз трансфер на пари и врши надзор над работењето на субјектите кои вршат услуги брз трансфер на пари;
  • издава дозвола за работа на менувачниците и врши надзор над работењето на менувачниците;
  • издава книжни и ковани пари и
  • врши работи за сметка на органите на државната власт и органите на државната управа.