Информации

Царинска управа на РМ
Сектор: Надлежна царинарница

Скопје
ул. Колекторска бб
Tел. +389 (2) 3 174 255
Работно време
од понеделник до петок
од 8:30 до 16:30

Битола
ул. Краварска бб
Tел. +389 47 269 336
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Граничен премин Богородица, Гевгелија
Тел. +389 34 230 100
Работно време
секој ден
од 00:00 до 24:00

Куманово
ул. Индустриска бб
Тел. +389 31 412 370
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Штип
ул. Брегалничка бб
Тел. +389 32 380 801
Работно време
од понеделник до петок
од 08:30 до 16:30

Одобрение за поедноставена постапка за декларирање при увоз

Преку оваа постапка им се овозможува на сите правни лица да ставаат стока во царинска постапка со поедноставена декларација во форма на административен или друг комерцијален документ како и во форма на непотполна декларација ва образец на ЕЦД.

За стоката ставена во постапка на тој начин декларантот на крајот од пресметковниот период мора да достави дополнителна декларација.

Опис на постапката

  1. Барањето за одобрение за поедноставена постапка за декларирање при увоз се поднесува на пропишан образец (Прилог 7 Образец ПУ од Упатството за поедноставени постапки) до надлежната Царинарница.
  2. Надлежната Царинарница се определува според местото каде поедноставената постапка ќе се извршува или каде ќе се поднесува дополнителната декларација.
  3. Барањето го разгледува формално и содржински овластена Комисија.
  4. По комплетирање на истото се врши контрола кај подносителот на барањето заради оцена на условите за барана постапка.
  5. Административна такса за одобрение е 500,00 денари и административна такса за барање е 50,00 денари.
  6. Одобрението го дава надлежната Царинарница.

Времетраење на услугата: 30 дена.

Потребни документи

  1. Барање за поедноставена постапка за декларирање при увоз;
  2. Административна такса за одобрение во износ од 500,00 денари (уплатница);
  3. Aдминистративна такса за барање во износ од 50,00 денари (уплатница);
  4. Список на стоките (два примерока) и
  5. Список на одговорни лица.