Информации

Централен регистар на РМ
Бул. Кузман Јосифоски Питу бр.1, 1000 Скопје
Тел. + 389 2 3290-241,
+ 389 2 3290-248
Факс.+ 389 2 3123-169
Работно време
Понеделник до петок: 8.30 - 16.30

Постапка за упис на трговец поединец во трговски регистар

Трговецот-поединец е физичко лице кое во вид на занимање врши некоја од трговските дејности определени со   Закон за трговските друштва.

  • Трговецот-поединец одговара за своите обврски лично и неограничено со сиот свој имот.
  • Како трговец-поединец може да се запише во трговскиот регистар секое деловно способно физичко лице со постојано место на живеење во Република Македонија.
  • Својство на трговец-поединец се стекнува со уписот во трговскиот регистар.

Опис на постапка

  1. Пријава за упис на трговец-поединец во трговскиот регистар поднесува физичкото лице, кое бара да биде запишано како трговец-поединец или негов полномошник со посебно полномошно во кое што се наведуваат податоците што се запишуваат во трговскиот регистар.
  2. Во пријавата за упис се наведуваат:
  • името и презимето;
  • единствениот матичен број на граѓанинот  и местото на живеење;
  • фирмата под којашто ќе се врши дејноста и
  • седиштето од каде што ќе се врши дејноста и предметот на работење.

Едно физичко лице запишано како трговец-поединец неможе истовремено по која било основа, да биде запишано како трговец-поединец под друга фирма.

Вкупните трошоци за целокупниот процес на регистрација се одредени со Тарифата на ЦРМ.

Систем на електронска регистрација

Преку системот за електронска регистрација во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица можете да ги направите сите уписи на основање, промена и бришење на субјекти на упис. Целата постапка можете да ја направите преку интернет (online), без потреба од доаѓање во канцелариите на Централнот регистар.
Поднесувањето на пријавите за упис во регистарот преку интернет можете да ги направите 24 часа на ден.

Секоја промена на податоците , како и пристапувањето на содружник во друштвото, односно истапувањето на содружник од друштвото, се запишуваат во трговскиот регистар.

Обрасците за упис во трговскиот регистар, заинтересираните можат без надомест да подигнат од сите Регионални и Регистрациони канцеларии на Централниот регистар или да ги преземете по електронски пат .

Ограничувања

Физичко лице не може да биде регистрирано како трговец-поединец кога:

  1. над него е отворена стечајна постапка;
  2. за кое, со правосилна одлука на судот, е утврдено дека со умисла предизвикало стечај, поради што доверителите не можеле да ги наплатат своите побарувања додека трае забраната за вршење на дејноста утврдена со одлуката на судот и
  3. на кое надлежен орган, врз основа на закон, му забранил да врши некоја од дејностите определени со овој закон, додека трае забраната.

Потребни документи

  • пријава за упис трговски регистар;
  • заверен потпис на трговецот-поединец кај нотар;
  • изјава од физичкото лице дека не му е изречена забрана да врши некоја од дејностите определени со Законот за трговските друштва (ЗТД) и
  • изјава од физичкото лице дека уредно ги платил даночните обврски и придонесите за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување, односно дека во согласност со членот 29 од ЗТД, не постои пречка да стекне својство на трговец поединец.