Информации

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
ул. Аминта Трети бр. 2 1000 Скопје Република Македонија
тел:(02) 3134 477
факс:(02) 3230 429
е-пошта: info@mzsv.gov.mk

Упис во регистар на снабдувачи на семе и саден материјал

Производство, подготовка за трговија, увоз – извоз, трговија на големо на семенски и саден материјал од земјоделски растенија, трговија на мало на семенски и саден материјал од земјоделски растенија можат да вршат домашни и странски правни или физички лица – снабдувачи кои се запишани во регистарот на снабдувачи на семенски материјал и во регистарот на снабдувачи на саден материјал. Снабдувачот на видовите на земјоделски растенија за кои не е потребна официјална сертификација се запишува во регистарот со посебно решение и е должен да стави свои етикети на производите кои ги пласира на пазарот.

  • Странското правно лице на територијата на Република Македонија овие дејности може да ги врши преку подружници согласно со Законот за трговските друштва.

Снабдувачите ќе се запишат во регистарот на снабдувачи доколку имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од земјоделски науки – соодветна насока, со најмалку три години работно искуство во струката, соодветно земјиште, опрема, деловни простории и соодветни магацински простории.

Опис на постапка

Барањето за запишување во регистерот, снабдувачот го поднесува до Управата за семе и саден материјал при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

 Снабдувачот кон барањето приложува: 

1. Доказ за обезбедено одговорно лице;  – копија од договорот за вработување или  – копија од договор, со кој снабдувачот и одговорното стручно лице ги договараат меѓусебните односи. 

2. Доказ за стручна подготовка на вработеното стручно односно одговорно лице:  – копија од диплома заверена кај нотар и  – копија од работничка книшка или друг доказ од кој може да се види работниот стаж и работното искуство; 

3. Потпишана изјава на снабдувачот на образец 2

4. Овластување на снабдувачот,  како и потпишана изјава од одговорното лице на образецот 2. 

5.  Доказ за исполнетоста на условите за земјиште, опрема и магацински и деловни простории.

6.  Доказ за платена административна такса

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за издавање на решение за упис во регистарот на снабдувачи на семенски материјал и во регистарот на снабдувачи на саден материјал донесува решение, со кое одлучува по барањето за издавање на решение за упис во регистарот на снабдувачи на семенски материјал и во регистарот на снабдувачи на саден материјал.

Доколку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не донесе решение за упис во регистарот на снабдувачи на семенски материјал и во регистарот на снабдувачи на саден материјал, односно не донесе решение за одбивање на барањето во рокот, подносителот на барањето има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок да поднесе барање до писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, за донесување на решение по поднесеното барање.

Исклучоци

Упис во регистарот на снабдувачи на саден материјал не е задолжителен за производителите на мали количини на саден материјал на определени видови наменети за лична употреба.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува видовите и количините на саден материјал.