Информации

Град Скопје
бул. „Илинден“ бб, 1000 Скопје
Сектор за комунални работи/Одделение за други комунални работи
Тел:+389 (2) 3297 391
Работно време
08.30-16.30 часот

Уверение за точна адреса

Опис на постапка

  1. Странката (правно или физичко лице) заинтeрeсирано за добивање Уверение за точна адреса, поднесува Барање во Архивата на Град Скопје (барака бр. 14);
  2. Одговорното лице од Одделението изготвува Уверение за точна адреса.

 Предвиден рок за постапката : 14 дена.

Документ/акт што граѓанинот го добива: Уверение за точна адреса.

Потребни документи

  • Уверение за точна адреса;
  • копија од услови за градба-графички прилог (за нов објект);
  • копија од купопродажен договор;
  • копија од имотен лист и
  • копија од лична карта.