/ Прочитано:

754

СЕРВИСНИ ИНФОРМАЦИИ: Отворено со Катастарот од понеделник

Четврток, 11 ноември 2013 – Од понеделник, 11 ноември, седма година по ред почнува акција „Отворено со Катастарот“. Целта на акцијата е на граѓаните да им се овозможи полесно да ги надминат евентуалните проблеми од оваа област, како и да се запознаат со новините во работењето на Агенцијата.

Акцијата e предвидено да ги опфати сите општини, стартувајќи од Скопје, Кисела Вода и Ѓорче Петров, продолжува во Дебар, Берово, Кавадарци, Неготино,…, а завршува во Тетово и Гостивар на 2 и 3 април идната година.

„Лани во рамки на акцијата дојдоа преку 3.000 граѓани од кои на повеќе од 300 или на околу 10 отсто им беа решени предметите. Другите од нашите стручни тимови добија соодветни совети за што побрзо остварување на правата пред другите институции, истакна директорот Славче Трпески.

Според него, годинава не се очекува зголемување на процентот на решавањето на предметите, но Агенцијата сака да слушне со какви проблеми се соочуваат граѓаните зашто Катастарот интензивно ги спроведува дигитализацијата и другите масовни процеси за модернизација.

Трпески информираше дека за околу една година треба да почне масовната проценка на земјиштето и да профункционира регистарот на цени што ќе овозможи точно да се знае колку чини секоја недвижност, станбен објект, градежно или земјоделско земјиште.

Регистарот на цени ќе биде јавно достапен до сите заинтересирани, а методологијата за нивно утврдување ќе ја одобри Владата.