/ Прочитано:

700

ШЕСТА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА HR КОНФЕРЕНЦИЈА: „HR Standards & Best Practices“

Вторник, 23 септември 2014 – На 3 октомври во М6 Едукативниот центар во Скопје, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси ќе се одржи шестата интернационална HR конференција: „HR Standards & Best Practices“.

„Изборот на темата за овогодишната конференција – „HR Standards & Best Practices“, произлезе од континуираната потреба за унапредување на професијата менаџмент со човечките ресурси, поставувајќи стандарди кои ќе бидат базата на која ќе се надополнуваат искуствата од најдобрите светски практики од оваа област. Во рамки на оваа поширока тема врвни и еминентни спикери, професори и практичари ќе го споделат своето искуство и знаење со присутните учесници“, информираат од Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Претседателот на ЕАПМ, г. Izy Behar (Франција), ќе говори за процесот на HR стандардизација, г-ѓа Barbara Luckmann Jagodic (Словенија) ќе го пренесе своето искуство од Триглав Групацијата, за развојот на вработените и имплементацијата на минимални стандарди како еден од клучните фактори за организациски успех, додека HR практичарот г. Rainer Jensen (Германија) ќе говори на темата за Талент менаџмент, како една од најдобрите HR практики кои ги примениле во Coca Cola Erfrischungsgetraenke AG. Од друга страна, професорот кој доаѓа од Шефилд универзитетот м-р Giovanni Serafini, ќе се осврне на влијанието на HR практиките врз организацискиот успех.

„Покрај предавањето и оваа година во агендата е вклучено HR Training Expo, можност за заинтересираните компании и универзитети да ги претстават своите програми и услуги пред учесниците. ЕКСКЛУЗИВНО на оваа конференција за првпат ќе биде објавен и награден избраниот HR менаџер за 2014 година!“, посочуваат од Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Побрзајте и пријавете го своето учество на овој актуелен настан! Придружете се на останатите HR професионалци и збогатете го своето знаење!!! За сите подетални информации посетете ја веб странцата www.mhra.mk.