/ Прочитано:

869

Шведска и официјално го става на тест шестчасовното работно време

Петок, 29 август 2014 – По многу најави и одложувања, Шведска почнува со експериментот шестчасовно работно време. Се очекува дека на ваков начин ќе се намалат боледувањата, ќе се зголеми продуктивноста и ќе се заштедат пари.

Датумот и примерокот се одбрани: eкспериментот ќе почне да се применува од  1 јануари 2015 година во Домот за стари лица „Вастра Хисинген”, каде има 60 вработени. Дококу проектот ги даде очекуваните разултати, предвидено е веќе истата година новото работно време да се воведе во целата земја.

Вработените во домот за стари лица каде ќе биде спроведен експериментот, ќе добиваат иста плата како и нивните колеги во другите исти такви домови.

Властите во Шведска сметаат и дека скратеното работно време би можело да допринесе за поголема побарувачка на нови кадри за одредени струки. По експериментот во домот за стари лица, независна комисија ќе донесе одлука за евентуално воведување на иста пракса во цела Шведска.

Експериментот најпрвин требаше да почне да се спроведува од 1 јули и тоа кај државната администрација во Гетеборг,  но тоа не се случи поради низа пречки и недостатоци за успешно спроведување на истиот.