/ Прочитано:

1.214

СЈО ДО КРИВИЧНИОТ СУД: Предлозите за осомничените во „Тврдина“ се целосни

Во поднесоците, од СЈО детално објаснуваат од каде ја црпат надлежноста над предметот за уништувањето на опремата за прислушување и дополнително укажуваат дека Судот веќе еднаш одлучувал по истите предлози и донел решение за определување мерка куќен притвор за Грујевски, а распитот на останатите осомничени бил прекинат поради болест на судијата на претходна постапка.

Прес Специјално јавно обвинителство предмет „Тортура“

Специјалното јавно обвинителство преку соопштение информираше дека до Кривичниот суд доставило два поднесока кои се однесуваат на предметот „Тврдина“. Кривичниот суд бараше од СЈО да ги доуреди предлозите за определување мерка притвор за првоосомничениот Горан Грујевски, началник на Петтата управа, и определување на мерки за претпазливост за осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска.

Во поднесоците, од СЈО детално објаснуваат од каде ја црпат надлежноста над предметот за уништувањето на опремата за прислушување и дополнително укажуваат дека Судот веќе еднаш одлучувал по истите предлози и донел решение за определување мерка куќен притвор за Грујевски, а распитот на останатите осомничени бил прекинат поради болест на судијата на претходна постапка.

Во продолжение во целост ви ги пренесуваме поднесоците од СЈО до Кривичниот суд.

I.

Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите со предлог НСК. КО бр. 17/15 од 09.06.2016 година побара од судија на претходната постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје – одделението за организиран криминал да определи мерка притвор против осомничениот Горан Грујевски за кој во ова обвинителство се води истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ, едно кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 в.в. член 23 од КЗ и едно кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ. Мерката е предложена поради постоење на основите за определување на таква мерка, предвидени во чл. 165 ст. 1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП.

Постапувајќи по ваквиот предлог, без да навлегувате во неговата основаност се обративте до Јавното обвинителство со барање таквиот предлог да го уредиме во рок од три дена, а во спротивно истиот ќе го третирате како неуреден и ќе го отфрлите, повикувајќи се на одредбата од член 87 став 3 од ЗКП.

Во образложението на ваквото Ваше барање и мотивите кои ви биле пресудни да ни го вратите предлогот за притвор на доуредување можат да се забележат неколку сосема различни правни ситуации на кои се повикувате, а заедничко е што всушност ја проблематизирате надлежноста на ова обвинителство за овој конкретен предмет.

Имено, во образложението на барањето за доуредување повикувајќи се на членот 87 став 3 од ЗКП барате Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите да го дополни предлогот на начин што ќе Ви образложиме дали предметните кривични дела за кои се терети Горан Грујевски произлегуваат од содржина на комуникацијата од незаконското следење на комуникациите, таквата содржина да ја презентираме и на крај што можеби е најчудно откако би Ви ја презентирале таквата содржина да дадеме опис пак на истата содржина, а сето тоа за да утврдите дали предлогот за определување на мерка притвор е поднесен од овластен тужител во смисла на член 166 и член 17 од ЗКП, а в.в. со член 2 и член и член 5 од Законот за Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Во тој контекст Ви укажувам дека во член 21 став 1 точка 7 од ЗКП законодавецот дал објаснување за тоа кој може да биде тужител во кривичната постапка и како такви ги определил јавниот обвинител и приватниот тужител.

Ленче Ристоска, СЈО

Во Кривичниот законик е определено за кое кривично дело кој е овластен тужител, поточно истиот определува за кои кривични дела гони приватниот тужител, а сите други се во надлежност на јавниот обвинител, како овластен тужител. Кривичните дела за кои се терети осомничениот Горан Грујевски се гонат по службена должност и овластен тужител за истите е јавниот обвинител. Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е востановено во правниот систем на Република Македонија со Законот донесен во Собранието на Република Македонија, и со тоа станува дел од јавнообвинителската структура. Со тоа јавниот обвинител кој раководи со ова обвинителство станува овластен тужител за кривични дела за кои се гони по службена должност.

Надлежноста на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е предвидена во членот 5 од Законот и многу јасно е наведено дека јавниот обвинител е овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Во тој контекст јасно законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување во насока на попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и  секако тука неизбежен дел е и случајот познат како „Пуч“. За сите овие дејствија судот не може да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства.

Значи, доколку го видите описот на дејствијата за кои се терети осомничениот Горан Грујевски во наредбата за спроведување на истрага, заедно со приложените докази ќе видите дека истиот се терети за криминални дејствија со кои незаконски е уништена опремата за следење на комуникациите, а која била користена за незаконско следење на комуникациите. Таквиот факт впрочем е утврден со правосилна пресуда на Вашиот суд, врз основа на Предлог спогодба IV КОК ПП бр.131/15 од 25.02.2015 година.

Во тој контекст, сметам дека нема потреба од подолго елаборирање дека незаконското уништување на опремата за следењето на комуникациите е во целост на линија со надлежноста на ова јавно обвинителство.

Имено, самото име кажува зошто тоа е основано и која му е примарна цел. Незаконското уништување на таквата опрема со криминални дејствија во насока да се покрие незаконското следење на комуникациите и сите пропратни криминални дејствија за кои постои основано сомнение дека ги извршил осомничениот Горан Грујевски во насока да се покрие незаконското уништување на таквата опрема се кривични дела поврзани со неовластеното следење на комуникациите и тоа е исклучива надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Дополнително Ви укажувам дека постапувајќи по ист ваков предлог на ова обвинителство, поднесен по истите основи и за истите кривични дела, Вашиот суд има донесено правосилно решение со кое на осомничениот Горан Грујевски му е определена мерка куќен притвор, а во меѓувреме не е изменет Законот во однос на надлежноста на ова јавно обвинителство.

Сакам да ви укажам дека согласно член 30 од ЗКП судот е должен да внимава на својата надлежност, а во овој случај надлежноста на Специјалното јавно обвинителство извира од законот кој ја регулира надлежноста на ова јавно обвинителство.

Законот за кривична постапка бара подносител на предлог за притвор да биде овластен тужител и истиот не оперира со термин надлежен овластен тужител. Впрочем постапката по предлог за притвор е итна и законодавецот со ниту една одредба не му дал право на судот во таква ситуација да ја утврдува надлежноста на јавниот обвинител како претходно прашање и да изведува докази во таа насока. Таквиот став на судот во ситуација кога има стриктни рокови за одлучување по предлог за мерка притвор ќе доведе до апсурдни ситуации во секој предмет судот најпрвин да ја расправа надлежноста, па потоа да постапува по барањето, со извонредна можност осомничениот во меѓувреме да стане недостапен.

Сосема на крај, сакам да Ви укажам и на суштината на членот 87 од ЗКП на кој се повикувате и кој според Вас Ви дава можност да го отфрлите предлогот за притвор како неуреден.

Имено, членот 87 став 3 од ЗКП предвидува дека, ако со овој Закон (се мисли на ЗКП) поинаку не е со законот определено, органот (се мисли на судот во овој случај) што ја води постапката ќе го повика подносителот на поднесокот кој е неразбирлив или не содржи сè што е потребно да го исправи поднесокот, односно да го дополни за да може по него да се постапува, а ако тој не го стори тоа во определениот рок, ќе го отфрли поднесокот.

Од Вашиот допис неразбирливо е дали предлогот за притвор е неразбирлив или не содржи сè што е потребно, па поради тоа ни го доставувате на доуредување, со предупредување дека доколку не го доуредиме, истиот ќе го отфрлите. Според одредбата на која се повикувате, тоа се единствените можности кои ги има судот за да врати одреден поднесок на доуредување, меѓутоа од дописот не се стекнува впечаток дека предлогот ни е неразбирлив или дека не содржи сè што е потребно. Напротив, истиот ги содржи сите задолжителни елементи кои ги предвидува законот за таков предлог, по кој може судот да донесе решение согласно член 167 од ЗКП.

II.

Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите со предлог НСК. КО бр. 17/15 од 09.06.2016 година побара од судија на претходната постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје – Одделението за организиран криминал да определи мерки на претпазливост против осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска, за кои во ова обвинителство се води истражна постапка поради постоење на основано сомневање дека Тони Јакимовски сторил едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ и едно кривично дело Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ,  осомничената Гордана Јанкуловска сторила едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 22 од КЗ, осомничениот Никола Бошкоски сторил едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 в.в. член 24 од КЗ и едно кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 2 в.в. став 1 од КЗ и осомничената Валентина Симоновска, за која согласно член 468 од ЗКП се води скратена постапка, сторила шест кривични дела – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од КЗ. Мерките се предложени поради постоење на основите за определување на такви мерки, предвидени во чл.146 од ЗКП.

Основен суд Скопје 1

Постапувајќи по Ваквиот предлог, без да навлегувате во неговата основаност се обративте до Јавното обвинителство со барање таквиот предлог да го уредиме во рок од три дена, а во спротивно истиот ќе го третирате како неуреден и ќе го отфрлите, повикувајќи се на одредбата од член 87 став 3 од ЗКП.

Во образложението на ваквото Ваше барање и мотивите кои ви биле пресудни да ни го вратите предлогот за мерки на претпазливост на доуредување можат да се забележат неколку сосема различни правни ситуации на кои се повикувате, а заедничко е што всушност ја проблематизирате надлежноста на ова обвинителство за овој конкретен предмет.

Имено, во образложението на барањето за доуредување повикувајќи се на членот 87 став 3 од ЗКП барате Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите да го дополни предлогот на начин што ќе Ви образложиме дали предметните кривични дела за кои се теретат осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска произлегуваат од содржина на комуникацијата од незаконското следење на комуникациите, таквата содржина да ја презентираме и на крај што можеби е најчудно откако би Ви ја презентирале таквата содржина да дадеме опис пак на истата содржина, а сето тоа за да утврдите дали предлогот за определување на мерки на претпазливост е поднесен од овластен тужител во смисла на член 166 и член 17 од ЗКП, а в.в. со член 2 и член и член 5 од Законот за Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Во тој контекст Ви укажувам дека во член 21 став 1 точка 7 од ЗКП законодавецот дал објаснување за тоа кој може да биде тужител во кривичната постапка и како такви ги определил јавниот обвинител и приватниот тужител.

Во Кривичниот законик е определено за кое кривично дело кој е овластен тужител, поточно истиот определува за кои кривични дела гони приватниот тужител, а сите други се во надлежност на јавниот обвинител, како овластен тужител.

Кривичните дела за кои се теретат осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска се гонат по службена должност и овластен тужител за истите е јавниот обвинител.

Jавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е востановено во правниот систем на Република Македонија со Законот донесен во Собранието на Република Македонија, и со тоа станува дел од јавнообвинителската структура. Со тоа јавниот обвинител кој раководи со ова обвинителство стекнува својство на овластен тужител за кривични дела за кои се гони по службена должност.

Надлежноста на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е предвидена во членот 5 од Законот и многу прецизно и јасно е наведено дека јавниот обвинител е овластен да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

Во тој контекст јасно законодавецот ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите на следење на комуникациите, нивно уништување во насока на попречување на откривање на лицата кои го злоупотребиле системот и секако тука неизбежен дел е и случајот познат како „Пуч“. За сите овие дејствија судот не може да очекува дека ќе постои комуникација. Напротив, тоа се дејствија со кои е овозможено незаконското следење на комуникациите и спречување на докажување за злоупотреба на таквите средства.

Значи, доколку го видите описот на дејствијата за кои се теретат осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска во наредбата за спроведување на истрага, заедно со останатата пропратна документација ќе видите дека истите се теретат за криминални дејствија со кои незаконски е уништена опремата за следење на комуникациите, а која била користена за незаконско следење на комуникациите. Таквиот факт впрочем е утврден со правосилна пресуда на Вашиот суд, врз основа на Предлог спогодба IV КОК ПП бр.131/15 од 25.02.2015 година.

Во тој контекст сметам дека нема потреба од подолго елаборирање дека незаконското уништување на опремата за следењето на комуникациите е во целост на линија со надлежноста на ова јавно обвинителство.

Имено, самото име кажува зошто тоа е основано и која му е примарна цел. Незаконското уништување на таквата опрема со криминални дејствија во насока да се покрие незаконското следење на комуникациите и сите пропратни криминални дејствија за кои постои основано сомнение дека ги извршиле осомничените Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска, Никола Бошкоски и Валентина Симоновска во насока да се покрие незаконското уништување на таквата опрема се кривични дела поврзани со неовластеното следење на комуникациите и тоа е исклучива надлежност на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Дополнително Ви укажувам дека постапувајќи по предлогот за определување на мерки на претпазливост на ова обвинителство, поднесен по истите основи, против истите лица и за истите кривични дела, Вашиот суд започна со материјално расправање по таквиот предлог, кој се прекина поради влошена здравствена состојба на судијата, а во меѓувреме не е изменет Законот во однос на надлежноста на ова јавно обвинителство.

Сакам да ви укажам дека согласно член 30 од ЗКП судот е должен да внимава на својата надлежност, а во овој случај надлежноста на Специјалното јавно обвинителство извира од законот, кој ја регулира надлежноста на ова јавно обвинителство.

Законот за кривична постапка бара подносител на предлог за притвор или на мерки на претпазливост да биде овластен тужител и истиот не оперира со термин надлежен овластен тужител. Впрочем постапката по предлог за притвор или на мерки за претпазливост е итна и законодавецот со ниту една одредба не му дал право на судот во таква ситуација да ја утврдува надлежноста на јавниот обвинител како претходно прашање и да изведува докази во таа насока. Таквиот став на судот во ситуација кога има стриктни рокови за одлучување по предлог за определување мерки за обезбедување присуство на осомничениот ќе доведе до апсурдни ситуации во секој предмет судот најпрвин да ја расправа надлежноста, па потоа да постапува по барањето, со извонредна можност истиот во меѓувреме да стане недостапен.

Сосема на крај, сакам да Ви укажам и на суштината на членот 87 од ЗКП на кој се повикувате и кој според Вас Ви дава можност да го отфрлите предлогот како неуреден.

Имено, членот 87 став 3 од ЗКП предвидува дека, ако со овој Закон (се мисли на ЗКП) поинаку не е со законот определено, органот (се мисли на судот во овој случај) што ја води постапката ќе го повика подносителот на поднесокот кој е неразбирлив или не содржи сè што е потребно да го исправи поднесокот, односно да го дополни за да може по него да се постапува, а ако тој не го стори тоа во определениот рок, ќе го отфрли поднесокот.

Од Вашиот допис не е разбирливо дали предлогот за мерки на претпазливост е неразбирлив или не содржи сè што е потребно за да ни го доставите на доуредување, па ако не го доуредиме да го отфрлите. Според одредбата на која се повикувате тоа се единствените можности кои ги има судот за да врати одреден поднесок на доуредување, меѓутоа од дописот не се стекнува впечаток дека предлогот ни е неразбирлив или дека не содржи сè што е потребно. Напротив, истиот ги содржи сите задолжителни елементи кои ги предвидува законот за таков предлог, по кој може судот да донесе решение согласно член 147 од ЗКП.

КРИВИЧЕН СУД: СЈО да ги уреди предлозите за осомничените во „Тврдина“