/ Прочитано:

1.131

СЈО: Одземен е дел од бараната документација, целокупната документација ќе биде обезбедена деновиве

Во меѓувреме, од Основниот суд Скопје 1 информираат дека Специјалното јавно обвинителство во текот на вчерашниот ден од судија на претходна постапка побарало издавање наредба за одземање на документација од Централниот регистар на РМ, но не побарало наредба за претрес.

nbrm-narodna-banka-na-rm-nbrm.jpg

Специјалното јавно обвинителство воспоставило соработка со Централниот регистар и врз основа на судска наредба синоќа одзело дел од бараната документација.

„Имајќи предвид дека се работи за голем обем на документација, во деновите што следуваат ќе биде одземена целокупната документација која е наведена во наредбата за одземање на предмети“, велат од Специјалното јавно обвинителство.

Од СЈО појаснуваат дека постапувале по наредба на судија на претходна постапка.

„Наредбата е издадена по барање на ова Јавно обвинителство откако Централниот регистар во рок од 30 дена не постапи по нашето барање и единствено нѐ извести дека барањето било нејасно, иако во неколку наврати имаше телефонска комуникација со јавни обвинители и истражители во насока на појаснување што сѐ е предмет на нашето барање“, велат од СЈО.

Оттаму се надеваат дека добрата  соработка што ја воспоставиле вчера со Централниот регистар ќе продолжи и во иднина.

Во меѓувреме, од Основниот суд Скопје 1 информираат дека Специјалното јавно обвинителство во текот на вчерашниот ден од судија на претходна постапка побарало издавање наредба за одземање на документација од Централниот регистар на РМ, но не побарало наредба за претрес.

„Издадената наредба за одземање на документација која е побарана од страна на СЈО во овој случај, како и во повеќе предмети претходно, покажува дека Основниот суд  Скопје 1 – Скопје соработува и има позитивен пристап кон работата на СЈО во извршувањето на нивната законска надлежност и овластувања, наспроти јавно пласираните информации дека ова обвинителство се соочува со најголем отпор токму од овој суд, како што и тие самите наведуваат во нивниот извештај“, велат од Судот.

Во однос на прашањата за тоа каква е постапката ако се побара од Судот наредба за претрес, поточно ако е тоа дел од мерките за обезбедување на лица и предмети од Законот за кривична постапка, односно од чл. 181 до чл. 192, каде што во согласност со чл. 186 по поднесено барање за издавање на наредба за претрес судијата одлучува веднаш, најдоцна 12 часа од приемот на барањето, претресот се извршува под посебни правила утврдени со закон, а во време кое е утврдено во чл. 190 од ЗКП, појаснуваат од Судот.