/ Прочитано:

685

Сноуден: Тајните документи не ги зедов со мене во Русија

Петок, 18 октомври 2013 – Поранешниот соработник на разузнавачките служби на САД, Едвард Сноуден, тврди дека не ги понел со себе во Русија тајните документи на американската Национална агенција за безбедност. 

Поранешниот соработник на американските тајни служби, Едвард Сноуден, е сигурен дека Кина и Русија немаат копии од тајните документи што тој ги преснимал од Националната агенција за безбедност на САД.

Во интервју за „ Њујорк Тајмс“, тој вели дека предал дел од документите на новинари во Хонг Конг, пред да одлета за Москва. Понатаму појаснува дека дека успеал да ги заштити информациите од кинески шпиони.

Поранешниот соработник на тајните служби, кој доби привремен азил во Русија, смета дека не постојат шанси Русија и Кина да добијат пристап до документите кои се во негова сопственост.