/ Прочитано:

1.555

Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик кои предвидуваат Правилник за воедначување на казните

Вторник, 4 февруари 2014 – Собранието на РМ ги изгласа измените на Кривичниот законик со кои се предвидува Правилник за воедначување на казните, кој треба да биде донесен од претседателот на Врховниот суд на РМ. 

Во текот на расправата, министерот за правда Блерим Беџети истакна дека предложените измени имаат повеќе позитивни придобивки како што се исти казни за исти кривични дела и однапред ќе се знае колкава е казната за одредено кривично дело.

Според опозицијата, предложените измени претставуваат директна повреда на Уставот, а со воведувањето на правилникот ќе се дерогира законот.

 Ана Павлова-Данева од СДСМ рече дека јавноста е против понуденото законско решение и оти претседателот на Врховниот суд нема право ниту по закон, ниту по деловник за работа, да носи правилник за казни.

>> Дополнет предлог – II 

>> Целосен текст на материјалот