/ Прочитано:

1.412

СОБРАНИСКАTA КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ: Предложена одлука за финансиските средства на специјалното обвинителство

На дневен ред на собраниската комисија за финансирање и буџет се наоѓа Предлог - одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите , а која се однесува на обезбедување на средства за специјалното обвинителство. Исто така, предлог-одлуката се наоѓа и на дневен ред на 90-тата седница на Собранието на Република Македонија.

????????????????????????????????????

Со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници се предлага реалокација на средствата во рамки на планираните средства со Буџетот на Република Македонија за 2016 година, со цел обезбедување на финансиски средства за реализација на Финансискиот план на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за 2016 година.

„Согласно член 16 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите потребните средства за работењето на Јавното Обвинителство ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија преку буџетскиот корисник-Јавно обвинителство на Република Македонија. Согласно Финансовиот план средствата во износ од 253.682.112 денари се наменети за непречено работење и автономно функционирање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за 2016 година. Финансиските средства на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наменети за исплата на средства за плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство“, се вели во образложението на одлуката.

akad 4

M.В