/ Прочитано:

3.001

Соопштение на Академијата во врска со поништувањето на јавниот оглас за прием на 60 слушатели на почетна обука

„Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, на седницата одржана на 11 декември 2017 година, донесе одлука за поништување на јавниот оглас на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ за прием на 60 слушатели на почетна обука – кандидати за јавни обвинители, објавен во Службен весник на Република Македонија број 163 од 30.8.2016 година и во дневните весници Лајм на 30.8.2016 година и Нова Македонија на 1.9.2016 година“, се вели во соопштението на Академијата.

M.В