/ Прочитано:

776

Спасов: За пензионирање остануваат постојните законски решенија

Вторник, 9 јули 2013 – Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска како шпекулации ги оцени информациите дека се работи на законски измени кои ќе овозможат пензионирање со збир на годините на стаж и возраст. 

„Се работи за шпекулација која неколку пати по ред излегува во јавноста. Во моментов во Министерството за труд и социјална политика и во Владата не се води постапка за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во насока на промена на правото на стекнување на пензија“, изјави министерот Спасов.

Тој појасни дека според постоечкиот Закон за право на стекнување на старосна пензија имаат граѓаните кои ќе наполнат 64 години за мажи и 62 за жени и имаат најмалку 15 години работен стаж.

Во јавноста неодамна се појавија информации дека право на пензија ќе може да се оствари со збир на годините стаж и старост, за што би било потребно 80 години за жени и 90 години за мажи.