/ Прочитано:

764

СПЦ ќе поведе црковно-судска постапка против Архиепископот Стефан

Вторник, 26 август 2014 – Светиот Синод на СПЦ денеска одлучи да поведе црковно-судска постапка против архиепископот Стефан, поглаварот на „Македонската Православна Црква“ поради, како што се вели во соопштението, „низа антиканонски активности“.

„Светиот Архијерејски Синод на Српската Православна Црква на својата проширена седница на 26-ти Август оваа година, донесе одлука да поведе црковно-судска постапка против архиепископот Стефан, поглаварот на „Македонската Православна Црква“, која се наоѓа во раскол со Православната Црква, заради упорното останување во раскол, нехристијанското учество во прогонот на Архиепископот Јован, канонскиот поглавар на автономната Охридска Архиепископија, и неговото свештенство, монаштво и верен народ, како и заради низа други антиканонски активности“, се вели во соопштението на СПЦ.