/ Прочитано:

634

Србија го отвора прашањето за легализација на марихуаната

Среда, 26 февруари 2014 – Илјадници српски граѓани покренуваат иницијатива и потпишуваат петиции за легализација на марихуаната во медицински цели, а сигнали за можна легализација доаѓаат и од високи претставници на српската влада.

Српската министерка за здравство Славица Ѓукиќ Дејановиќ изјави дека легализацијата на марихуаната во медицински цели не значи легализација на дрога, туку можност експертите со веродостојни методи да одредат дали таа во некои околности кај одделни пациенти може да има својство на лек.

„Секоја супстанца може да биде и лек и отров. Експертите врз основа на прецизни методи утврдуваат што е лек, која доза може да се даде на пациентот, на кој смее да се даде“, вели Дејановиќ.

Таа додава дека веќе постојат слични ситуации, дека е познато дека постои морфиумска зависност, но дека морфиумот се користи и како лек бидејќи ја ублажува болката и доведува до подобра духовна состојба на многу тешко болни пациенти.