/ Прочитано:

1.000

Средба во Министерството за правда со експерти од САД за заштита на верските права и спречување на дискриминација

Министерот Џафери во текот на ова средба информирал за чекорите преземени од страна на Министерството за правда во однос на инкриминација на јазикот, омразата и дискриминацијата врз основа на полот, расата, верата, религијата.

Средба во Министерството за правда со експерти од САД

Министерот за правда Валдет Џафери остварил средба со претставници од  Секторот за правда на САД:  Кетрин Њукомб, Ерик Трини и Дана Мулхаусер  и со претставници од Амбасадата на САД:  Леви Смили  и Адриан  Исмаили,  кои престојуваат во Република Македонија по повод   одржувањето  на Конференцијата за заштита на  верските  слободи  и  спречување на дискриминацијата  и на насилството, информираат од Министерството за правда.

Министерот Џафери  во текот на ова средба информирал за чекорите преземени од страна на Министерството за правда во однос на инкриминација на јазикот,  омразата  и дискриминацијата врз основа на  полот, расата, верата, религијата. Исто така, министерот Џафери ги известил претставниците на Министерството за правда на САД за работната група која е оформена  во рамките на Министерството за правда со претставници  од различни институции, а која работи на оваа проблематика, велат од Министерството.

Во текот на ова средбата, Џафери  изразил подготвеност за соработка  со САД во насока на размена на  искуствата од ова област, но и во други сфери од правосудството.