/ Прочитано:

728

Ставрески најави нивелирање на казнената политика: Намалување на казните за помалите фирми

Понеделник, 14 април 2014 – Нивелирање на казнената политика најави министерот за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на фирмата „Металопромет“ во Струмица.

Како што соопшти тој, Владата во следниот период ќе пристапи кон нивелирање на казнената политика, што би значело усогласување на казните со економската големина и моќ на фирмите.

Оттука, помалите фирми, појасни Ставрески, ќе имаат помали казни, а поголемите фирми поголеми казни со цел од една страна да се работи законски, а од друга страна казните да не бидат причина за затворање на фирмите или за посериозно нарушување на производствениот процес.