/ Прочитано:

2.408

СТУДЕНТИ ОД „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ – ЗАШТИТНИЦИ НА НЕЧИИ ПРАВА ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

25 студенти на Првниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје ќе бидат дел од програмата на ООН за учество во активности за заштита на нечии права.

akad 2

Студентите ќе го користат официјалното лого на програмата на ООН и ќе можат активно да се вклучат во промоцијата и заштитата на човековите права во пракса. Поконкретно, студентите заштитници на човековите права ќе можат самоиницијативно да преземаат активности за заштита на нечии права за кои разбрале дека се повредени, или пак доколку некој конкретно им се обрати за заштита на свое лично право.

akademik foto 1

Студентите велат дека за нив претставува особен предизвик да бидат дел од програмата на Организацијата на обединетите нации. Тие нагласуваат дека токму потрагата по правда за обесправените и безгласните им дава смисла на нивните студии по право затоа што, како што велат, целта на правото е да биде праведно и секој поединец да може да ги ужива правата кои му се гарантирани со меѓународните акти на Обединетите нации кои како вредности и норматива ги има прифатено и домашниот правен систем.

akademik foto 1

„Да им се помогне на инфериорните во општеството, на оние луѓе на маргините на општеството, на кои им е потребна помош, не само што е хуман предизвик туку за нас претставува и практична можност да ги покажеме нашите знаења кои ги стекнуваме во текот на студиите. Ваквата можност за нас значи и дополнителна едукација која секако ќе ја примениме и кога професионално ќе го практикуваме правото. Треба да се нагласи дека е од големо значење кога уште за време на правните студии се негуваат вредностите на правдата, на етиката, на еднаквоста и на почитувањето на човековото достоинство“, велат студентите учесници во програмата „Заштита на нечии права“.

akademik foto 1

Ваквата соработка помеѓу Катедрата по трудово и социјално прво при Правниот факултет „Јустинијан Први“ е инспирирана од страна на доц. д-р Лазар Јовевски и Силва Пешиќ од Канцеларијата на ООН во Скопје.

Доц. д-р Лазар Јовевски вели дека студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ се вклучени во голем број активности кои ги има Катедрата по трудово право во однос на заштитата од дискриминација, особено во однос на работните односи.

akademik foto 1

„Станува збор за активности подржани од ОБСЕ и Правниот факултет кои вклучуваат работилници, обуки, дебати и трибина, посета на други државни установи и универзитети, летна школа, и учество во симулирано судење кое допрва треба да се одржи на Правниот факултет кон крајот на месец ноември“, вели д-р Јовевски.

M.В