/ Прочитано:

1.208

Судење „Фими медиа“: Кога Санадер би нарачал јакни за ХДЗ, на нив би можело да пишува само „Динамо мајстори“

Вторник, 16 октомври 2012 – На денешното рочиште сведочеа Бранко Радошевиќ, екс-претседател на хрватски „Плинакро“ и Марин Фрчко, сопственик на фирмата „Емма 95“ која соработувала со маркетинг агенцијата „Фими медиа“.  Според Фрчко, на барање на  „Фими медиа“, неговата фирма изработила сини јакни на кои на предната страна стоело логото на ХДЗ, а на задната, натписот –  „Жељо мајсторе“. Санадер го негираше ова, велејќи дека кога воопшто би набавил такви јакни, би можело да стои само „Динамо мајстори“.Прв на клупата за сведоци Бранко Радошевиќ. Според Радошевиќ, соработката на „Плинакро“ со маркетинг агенцијата „Фими медиа“ почнала откако присуствувал на еден настан организиран од страна на оваа агенција, а за потребите на претпријатието„CROSCO“. Како што вели бил воодушевен од целата организација и така преку претседателот на Управата на на „CROSCO“, Бојан Милковиќ, стапил во контакт со сопственичката на „Фими медиа“, третообвинетата Невенка Јурак која ја призна вината што и се става на товар.

Во врска со состанокот одржан во седиштето на Владата, на кој според обвинителството, Санадер им сугерирал на претставниците на јавните претпријатија соработка со „Фими медиа“ вели дека поранешниот премиер им препорачал подобро да се презентираат во медиумите, а „Фими медиа“ ја споменал на крајот како можна солуција за маркетинг претставување. Додава дека споменувањето на „Фими медиа“ не го сфатил задолжителна препорака, бидејќи „Плинакро“ веќе соработувал со оваа фирма.

По Радошевиќ, сведочеше Марин Фрчко, чија што фирма „Емма 95“ соработувала со „Фими медиа“. Фрчко тврди дека на барање на „Фими медиа“ неговата фирма израбoтила илјаднаци јакни на кои напред стоело логото на ХДЗ, а на заедната страна натпис „Жељо мајсторе“. Но овој исказ приговор имаше Снадер, кој рече дека додека бил претседател на ХДЗ, никогаш не нарачал јакни со таков натпис, а кога би нарачал би можело да пишува само „Динамо мајстори“.

Судењето продолжува следната недела.

„Фими медиа“

Првообвинет во овој предмет е екс-премиерот на Хрватска, Иво Санадер. Она што го прави историско судење е фактот што на клупата за обвинети, за прв пат седна и политичка партија, односно Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Меѓу обвинетите се и поранешниот благајник на ХДЗ и екс-директор на хрватската Царинска управа – Младен Баришиќ, некогашниот портпарол на Владата на Хрватска – Ратко Мачек, сметководителот на ХДЗ – Бранка Павошевиќ и сопственичката на маркетинг агенцијата „Фими медиа“ – Невенка Јурак. УСКОК ги товари дека проневериле најмалку 10 милиони евра јавни пари за создавање црн фонд од  кој меѓу другото била наводно финансирана изборната кампања на ХДЗ . Дел од обвинетите ја признаа вината, а  има и такви кои ја признаа вината и се спогодија со УСКОК уште пред да почне судењето.

>> Прочитај повеќе за предметот.