/ Прочитано:

1.125

СУДЕЊЕ „Фими медиа“: Санадер бара изземање на судијката која го води предметот, но и на претседателот на судот

Вторник, 11 февруари 2014 – Продолжението на судскиот процес за најголемата корупциска афера во Хрватска „Фими медиа“, денеска повторно беше одложено бидејќи поранешниот премиер на Хрватска и првообвинетиот Иво Санадер побара изземање судијката која го води предметот, Ивана Чалиќ, но и на претседателот на загрепскиот Жупаниски суд Иван Турудиќ. Санадер смета дека му е повредено начелото на правично судење.

Тој тврди дека минатиот четврток од „црквени кругови“ дознал дека еден од неговите тројца адвокати, Горан Суиќ, судијката Чалиќ ја застапувал во бракоразводна постапка. Ова, како што истакна, му го потврдил и адвокатот Суиќ.

Сето тоа, како што тврди Санадер, го знаел и Турудиќ, кој судијката ја предупредил дека не е во ред тоа што го ангажирала Суиќ, по што таа му го откажала полномошното. 

Откажано полномошното на адвокатот Суиќ

Санадер ова му го откажал ополномоштувањето на Суиќ, нагласувајќи дека својата соработка со судијата цело време ја држел во тајност, но тоа го криел и пред останатите адвокати од неговата одбрана.

Адвокатскиот тим што го брани Санадер: Чедо Продановиќ, Горан Суиќ, Јадранка Слоковиќ

„Постои длабока сомневање во вашата непристрасност, бидејќи ова е повреда на моето право на правично судење“, заклучи експремиерот, пренесува „Индекс“.

За барањето на Санадер ќе одлучува Врховниот суд, а други рочишта до одлуката нема да бидат закажувани.

Според одредени судски кругови, како што пишуваат хрватските медиуми, се работи само за уште еден обид да се направи притисок врз претседателката на судскиот совет Чалиќ бидејќи процесот е во завршна фаза.

На денешното рочиште Санадер и останатите обвинети во најголемата корупциска афера во хрватската политика требаше да се изјаснат за измената на обвинението.

Со првото обвинение покренато во декември 2011 година тогашната партија на власт ХДЗ се товареше за штета од околу 31,6 милиони куни (околу 4,1 милион евра), додека со измените од крајот на минатиот месец оваа година, тој износ е намален на 30,25 милиони куни (околу 3.950.000).

Обвиненијата за полнење на „црниот фонд“ на ХДЗ преку маркетинг агенцијата „Фими медиа“ со пари од државни фирми ја признаа поранешниот шеф на Царината и благајник на партијата Младен Баришиќ, сопственичката на маркетинг агенцијата Невенка Јурак и поранешната блајагничка на партијата Бранка Павошевиќ.

Санадер и неговиот поранешен портпарол Ратко Мачек ги отфрлуваат обвиненијата, додека ХДЗ се брани со тврдењата дека регуларните партиски тела не знаеле ништо за наводните незаконитости.

„Фими медиа“

Првообвинет во овој предмет е екс-премиерот на Хрватска, Иво Санадер. Она што го прави историско судење е фактот што на клупата за обвинети, за прв пат седна и политичка партија, односно Хрватска демократска заедница (ХДЗ). Меѓу обвинетите се и поранешниот благајник на ХДЗ и директор на Царинската управа на Хрватска –Младен Баришиќ, некогашниот портпарол на Владата на Хрватска – Ратко Мачек, сметководителот на ХДЗ – Бранка Павошевиќ и сопственичката на маркетинг агенцијата „Фими медиа“ – Невенка Јурак. УСКОК ги товари дека проневериле најмалку 10 милиони евра јавни пари за создавање црн фонд од  кој меѓу другото била наводно финансирана изборната кампања на ХДЗ .  Дел од обвинетите ја признаа вината, а  има и такви кои ја признаа вината и се спогодија со УСКОК уште пред да почне судењето.

>> Повеќе за предметот прочитајте тука.