/ Прочитано:

1.876

СУДЕЊЕ „Јашари“: Судењето се одложи поради отсутност на обвинетите

Петок, 6 јули 2012 – Судењето се одложи поради неможност обвинетиот малолетник да се спроведе од поправниот дом за малолетници од Охрид. Во судницата не беше присутен првообвинетиот Петар Маневски, ниту неговиот адвокат не знаеше каде е обвинетиот . На последното рочиште пред судот сведочеа ученици што биле присутни во училишниот двор за време на инцидентот. Еден од сведоците сведочеше дека  го видел првообвинетиот како замавнува со камен спрема Јашари. 

Средина: првообвинетиот Петар Маневски, десно: адв. Ристо Петров

Обидувајќи се да го заштити другарот, матурантот Мухамедали Јашари заврши трагично поради удар од камен во градите во дворот на средното градежно училиште „Здравко Цветковски“, во април 2011 година. Според обвинението, Јашари го изгубил животот во обид да му помогне на својот другар кој влегол во тепачка со тројцата сега обвинети, односно да ги спречи истите да избегаат од училишниот двор.  Обвинетите кои се на возраст од 17 до 19 години наводно дошле во училиштето за да ги расчистат сметките. Обвинителството ги гони за нанесување на тешки телесни повреди со смртни последици, а родителите на Јашари бараат тие да одговараат за убиство.

 >> Предметот за случајот Мухамед Али Јашари проследете го тука.


Тек на рочиштето

10:42 – Судењето се одложи бидејќи пред два, на 04.07  судот добил известување од страна на затворската управа на КПУ Охрид дека малолетникот нема да биде спроведен поради недостаток на возила. Истиот ден судот добил и писмен поднесок за одлагање поради нарушеното здравје на бранителот Јован Јоанидис. Судијата го праша бранителот Петров, зошто првообвинетиот не е присутен во судница, адвокатот одговори дека не знае. Следното рочиште е закажано за 06.09.2012 година во 1о часот, ќе продолжи со сослушување на сведоци.

10:14 – Рочиштето  почна.