/Прочитано:

82

Одложено рочиштето за случајот „Сопот“

Следното судско рочиште е закажано за 9 октомври. Инаку, денеска требаше да се одржи првото рочиште за овој случај откако го презеде Специјалното јавно обвинителство, а ќе го застапува обвинителката Фатиме Фетаи. Во овој случај, десет лица се осудени за тероризам чија вкупна затворска казна изнесува 150 години. Според она што е познато од претходниот судски процес за „Сопот“, осудените се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево - Сопот, при што загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден цивил.

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска беше одложено рочиштето за случајот „Сопот“ поради отсуство  на судијката. Следното судско рочиште е закажано за 9 октомври.

Инаку, денеска требаше да се одржи првото рочиште за овој случај откако го презеде Специјалното јавно обвинителство, а ќе го застапува обвинителката Фатиме Фетаи.

Во овој случај, десет лица се осудени за тероризам чија вкупна затворска казна изнесува 150 години. Според она што е познато од претходниот судски процес за „Сопот“, осудените се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот, при што загинаа двајца припадници на полскиот контингент на НАТО и еден цивил.

Овој случај беше предмет на разговор и во „бомбите“. Се зборуваше дека пресудата во „Сопот“ е донесена врз не толку цврсти докази.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.

А. Б.