/Прочитано:

153

Пресуда за грабежот во НЛБ Тутунска банка

Четворицата обвинети за грабежот во НЛБ Тутунска банка добија вкупно 20 години затворска казна. На првообвинетиот Бобан Смилевски денеска му беше изречена казна затвор од девет години и два месеца за кривичните дела затајување и тешка кражба.  Неговиот брат Горан како второобвинет доби шест и пол години, третообвинетиот Борис Мичевски пет години и два месеца, додека четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна казна за затајување.

Со пресудата, која денеска беше соопштена во Основниот суд Скопје 1,  осудените се должни да го вратат целиот износ кој го украле од НЛБ Тутунска банка. Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вината, но не открија што сториле со украдените пари. Тие на 10 април годинава од НЛБ украле 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.

Надлежниот обвинител кој постапува во предметот доставил до Судот и обвинителен предлог против други четири лица, на кои како одговорни лица во банката врз основа на општ акт, со посебно овластување, им биле доверени определен круг работи, но тие несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа го овозможиле противправното присвојување на паричните средства во горенаведениот износ. Постапката против овие четири лица продолжува одвоено.