/ Прочитано:

777

Судиите апелираат случајот „Кежаровски“ да не се користи за навреда на судовите

Вторник, 20 јануари 2015 – Здружението на судии на Република Македонија преку соопштение до јавноста апелира во случајот„Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите.

Соопштението на Здружението на судии ви го пренесуваме во целост:

„На седница одржана на 20.1.2015 година, Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија расправаше по повод протестот одржан пред Апелационен суд Скопје, и во врска со тоа го дава следното СООПШТЕНИЕ:

Здружението на судии на Република Македонија ги осудува протестите против судските одлуки без разлика што е загарантирано правото на протест на секој, судските одлуки единствено можат да се преиспитуваат во судска инстанца и непримерно е да се попречува работата на судовите и притоа да се користи улична демократија за промена на одлуки која и тие кои протестираат се свесни дека не можат да ги издејствуваат надвор од институционалното и во судска инстанца преиспитување на судската одлука. Здружението на судии на Република Македонија апелира во случајот „Кежаровски“ да не се користат навреди и омаловажувања на судовите и судските одлуки особено што ова не е прв пат, а Здружението веќе има реагирано на непримерните протести и вокабуларот на омраза што се шири на протестите.“